Важноста на нашата политика за рефундирање и/или замена на оштетени и/или неисправни производи трае 15 дена од денот на купување. Доколку поминат повеќе од 15 дена од денот на купување на производот, тогаш не можеме да понудиме целосно рефундирање или бесплатна замена. Во секој случај, слободно контактирајте не, и ќе најдеме начин да Ви помогнеме.
ВАЖНО: По примање на купениот производ, веднаш и внимателно уверете се дека:
- производот е неотпакуван
- производот не е згрешен (производот е тој што е порачан)
- производот не е оштетен
Производот ќе биде прифатлив за замена / рефундирање САМО доколку производот е оштетен / нефункционален и воопшто неупотребуван од Ваша страна, и е во истата состојба во која сте го примиле (на пр. производот не е употребуван, не е расклопуван, и никакви манипулации и поправки не се правени).
Производи кои имаат рок на траење (на пр. храна, цвеќиња и сл.), кои се со еднократна употреба, или производи кои се од интимна / санитарна природа се исклучени од можност за замена / рефундирање.
*Исто така, производи кои се специјално порачани за Вас преку ПетПари, не подлежат на оваа политика за рефундирање и / или замена.
Покрај овие услови, потребно е да ја приложите сметката / потврдниот емаил како доказ за купениот производ.
Неизвршена / задоцнета достава
Во случај на неизвршена** достава, имате право на:
- целосен поврат на Вашите средства (само за плаќање со картичка)
- избор на друг (различен) производ со екстра попуст
- можност за повторен (бесплатен) обид за достава на истиот производ
- мал подарок од ПетПари во знак на извинување, без разлика на одбраното решение од погоре
Во случај на задоцнета*** достава, имате право на:
- одбивање да го примите производот + целосен поврат на Вашите средства (само за плаќање со картичка)
- попуст при следната порачка
- мал порадок од ПетПари во знак на извинување, без разлика на одбраното решение од погоре.
Производи на распродажба
Производи на распродажба или на акција НЕ подлежат на гореспоменатите правила за рефундирање / замена. Доколку распродажбата или акцијата се активни поради било каква оштета или било каква деградација на квалитет на производот, истото ќе биде експлицитно наведено на страната на самиот производ, како и на промотовните страни и флаери.
Подароци
Подароци и комплиментарни производи НЕ подлежат на гореспоменатите правила за рефундирање / замена.
Во секој од гореспоменатите случаи, контактирајте не на емаил и ние ќе Ве водиме понатаму низ процесот на замена / рефундирање.
Трошоци за достава
Освен во случај кога задоцнетата или неизвршена достава и/или оштетениот производ се директна вина на карго компанијата, или во случај кога поминале повеќе од 24 часа помеѓу времето од Вашата порачка, до времето на достава на производот на испорака во карго компанија (сметано според потврдните емаил пораки) трошоците за достава НЕ подлежат на рефундирање. При поврат на оштетен / нефункционален / згрешен производ, трошокот за достава е на наша страна. Доколку сакате да вратите производ од лични причини, Вие ќе морате да го поднесете трошокот за достава.
Зависно од условите, карго компанијата, како и местото на живеење, замена на производите може да потрае подолго време.
Појаснувања:
* – ПетПари Ви нуди можност да порачате производ од било каде во светот кој од било какви причини не можете да го купите сами
** – неизвршена достава се смета кога производот нема да пристигне на Вашата адреса по поминати повеќе од 3х часови од рокот кој го нуди карго компанијата (пример, доколку карго компанијата гарантира достава во рок од 36 часа, неизвршена достава ќе се смета доколку производот не пристигне и после изминати 108 часа)
*** – задоцнета достава се смета доколку производот стигне за време од 2х – 3х од рокот на карго компанијата (за рок од 36 часа, задоцнета достава ќе се смета доколку производот пристигне по изминати повеќе од 72, но не повеќе од 108 часа).
Со почит,
ПетПари