Вовед
ПетПари ви благодари и ја цени вашата доверба која ја демонстрирате со користење на нашите услуги, при тоа споделувајќи ги Вашите лични информации со нас. Како компанија, Ви ветуваме дека со Вашите податоци ќе се раководиме согласно оваа политика на приватност, Вашите желби и законските регулации. Вашите податоци се неопходни за процесирање на вашите нарачки, нивна достава, и/или за дополнителна комуникација.
Нашата политика на приватност Ви дава детално објаснување за Вашите права во врска со тоа како ги процесираме личните информации кои ги споделувате, нивната заштита, како и опциите кои Ви стојат на располагање за контрола на истите и заштита на Вашата приватност.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се информациите кои Ве карактеризираат Вас (Вашето име, Вашата адреса – поштенска или e-mail, како и профили на социјални мрежи или апликации за инстант комуникација. ПетПари не собира никакви лични податоци од вас, освен за специфична намена, како нарачка и/или комуникација со нас.
Ние собираме два вида на податоци:
–Лични – при нарачка или комуникација емаил, телефон, и социјални мрежи или апликации за комуникација.
–Јавни – IP адреса и општи информации за Вашиот систем при нормална посета на нашиот вебсајт.
Од лични податоци собираме: E-mail адреса, Име, Презиме, Адреса, Поштенски број, Место, Општина и Телефонски број. Овие информации се користат исклучиво при финализирање на нарачките, дополнителна комуникација, и интерна аналитика.
Од јавни податоци собираме IP адреса, време поминато на сајтот, вид на уред, оперативен систем и интернет пребарувач, резолуција на екранот, историја на Вашата посета на вебсајтот, референтен линк, и слично. Овие податоци најчесто ни служат за подобрување на Вашето искуство, оптимизација на вебсајтот и маркетинг.
КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Колачињата (Cookies) се компјутерски документи кои привремено се складираат на вашиот компјутер, и ни овозможуваат да Ве препознаеме при Вашата следна посета. ПетПари собира исклучиво информации кои и се неопходни на нашата продавница.
Без колачињата, основните функции поврзани со нормално и ефективно работење на продавницата, интерните аналитчки системи, како и оптимизацијата на корисничкото искуство би биле целосно оневозможени. Со посетување и користењето на нашата продавница, вие се согласувате со условите за употреба на колачињата.
Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата политика за колачиња, која е составен дел од нашата политика на приватност
УПОТРЕБА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ПетПари ќе ги употребува Вашите лични податоци единствено при испорака, наплата и фактурирање на вашата нарачка, за техничките потреби за продавницата, пристап до детални информации или неопходна комуникација. ПетПари во целост ја почитува важноста и доверливоста на личните информации на нашите посетители, и затоа Вашите лични податоци во никој случај нема да бидат продадени и/или на било каков начин предадени на трета странка, и истите ќе бидат користени исклучиво со Ваша согласност. При нарачка, Вашите податоци ќе бидат споделени со дистрибутер или поштенска служба, кои се подложни на Законот за Заштита на Личните Податоци.
Со цел да избегнеме непотребно собирање на лични податоци, ја исклучивме опцијата за регистрација на профил. ПетПари преферира минимално нарушување на удобствата од повторна посета, (при која мноштво од – или сите – Ваши лични податоци се препознаени од системот, што во реалност го забрзува процесот на нарачка со автоматско внесување на податоците), за сметка на заштита на Вашата приватност.
Поради ова, ПетПари ги чува Вашите лични датоци привремено, само до успешна достава и наплата, по што податоците се бришат од базата. Јавните податоци може да бидат зачувано за да се задржи нормална употреба на сајтот.
СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ
Споделувањето на Вашите лични податоци е Ваша одлука и под Ваша контрола, но добро е да се знае дека податоците кои ги бараме од Вас се само најнеопходните потребни за да се изврши порачка, достава и наплата.
БЕЗБЕДНОСТ
Безбедноста на личните податоци е императивна. Користиме HTTPS безбедносен протокол и TLS енкрипција за комуникација со нашата интернет страница. Податоците кои ги оставате се заштитени од кражба или копија од трета страна.
Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Присутни сме и активни на социјалните мрежи Facebook, Google и Instagram, како и апликации за комуникација како Viber, WhatsApp, и Telegram. Важно е да се знае дека при комуникација преку овие сервиси, вашите податоци може да станат достапни и на трети страни за кој важат нивните политики за приватност.
Ги објавуваme своите најнови производи на горенаведените мрежи, поради што сакаме да Ве известиме дека кога коментирате на – и/или споделувате – наши производи, ова може да биде видено од трети лица зависно од политиките за приватност на мрежата и индивидуалните поставки. Строго препорачуваме да внимавате при споделување на вашите податоци.
ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ
Вашите права во однос на обработката на Вашите лични податоци се:
-Право да бидете информирани за процесирањето на личните податоци.
-Право на приговор
ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.